Бронзен медал за Давид Дамовски на Балканското првенство во џиу џицу

david-tret-na-ep-dziu-dzicu

Дамовски Давид (+58 кг) го освои бронзениот медал на Балканското првенствово џиу џицу во Ларнака, Кипар за У-12 и У-15.

david-damovski-borba-dziu-dzuci-blakansko

Македонската џиу џицу федерација учествува со еден борец во конкуренција У-12, Давид Дамовски од клубот Дан кју. Тој Балканскиот шампионат има две победи и два порази.

„Инаку двете изгубени борби завршија со резултат 5-5 и 9-9, а ги изгуби на поени. Златото беше навистина блиску, но секундите одлучуваа. Сепак сме задоволни и со третото место, со оглед дека учество земаа 22 држави со 580 борци“, вели тренерот и претседател на Македонската џиу џицу федерација, Александар Ацевски.

david-damovski-i-ace-s-medalot-na-bp-vo-kipar

Веќе во четврток репрезентацијата заминува во Германија на Европското првенство од 24 до 26 септември. Ацевски нагласува дека не одат само да учествуваат, туку и да освојат медал.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО