Бени Османоски по трети пат ја одбрани светската титула во К-1 (ВИДЕО)

beni-osmanoski-so-site-pojasi

Бени Османоски по трети пат ја одбрани светската титула на ВКУ/WKU во К-1 до 82 килограми со нокаут во втората рунда.

Османоски синоќа на настанот „Фајт фор фајналс“ во Бил Бине, Швајцарија, го совлада со нокаут поранешниот светски првак Алмедин Хасанагиќ. Првично Османоски требаше да се бори Пјотр Лепич од Полска.

beni-so-pojasot-i-peharot

„Благодарност до противникот кој што дојде и прифати да се бори со мене, поранешниот светски шампион Алмедин Хасанагиќ. Еден ден пред настанот, еден од противниците ја откажа борбата две недели пред борбата, а дригиот еден ден пред борбата, па така што бев приморан да се борам со противник кој што немав поим за него. Но, како што кажав, бев подготвен на се и тоа го докажав во рингот. Тоа помалку беше психичко оптоварување за мене, да прифатам борба еден ден пред настанот со друг борец и да можам да се смирам и фокусирам на нов противник“, напиша Османоски на својата ФБ страница.

.

ВИДЕО.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО