Државно првенство: Доминација на светските прваци Ѓоргиев и Манојловски

dimitar-georgeiv-dp

Вчера во Скопје се одржа Државното сениорско првенство во кик бокс во кик лајт и лоу кик.

Техничката организација на првенството беше на КБК ,,Скопје “ од Скопје, а учествуваа спортисти од 10 клубови.

Публика уживала во доминацијата на светските прваци Димитар Ѓорѓиев и Ненад Манојловски, а тоа публиката знаеше да го награди со аплауз.

Победници по категории

– кик лајт

 -69кг Ненад Манојловски Шампион Скопје

– 74кг Барјам Рамадани Сен Сеи Гостивар

-79кг Филип Синадиновски Скопје Скопје

-84 кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор Неготино

-50кг Мартина Саздова Скопје Скопје

-55кг Теодора Блажевска Каринг Скопје

-60кг Стефани Тодорова фајт тим Скопје

+70кг Наташа Ѓорѓиевска Про кик фемили Скопје

– лоу кик

-54кг Ана Јаковчевска Каринг Скопје

-63,5кг Мартин Саздов Скопје Скопје

-71кг Златко Стојменов Скопје Скопје

-81кг Никола Ивановски Каринг Скопје

-91 кг Владимир Јовановски Минов Каринг Скопје

На 1 октомври кикбоксерите заминуваат во Босна и Херцеговина на Купот „Сараево опен“, кој е проверка пред престојното Европско првенство во Марибор и Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО