Бронзен медал за боксерот на БК Охрид Енис Алиу во „Shadow boxing challenge“ (ВИДЕО)

Боксерот Енис Алиу од охридскиот клуб „Алексо Огненовски“ се закити со бронзен медал во „Shadow boxing challenge“, кој беше организиран од Европската боксерска асоцијација.

Сите млади и талентирани боксери до 14 години испраќаа видеа од тренинзите кои екипите ги работеа под посебни мерки поради пандемијата на коронавирусот. Тренингот на Енис Aлиу под менторство на Владимир Цекиќ беше рангиран на третата позиција од комисијата.

https://www.instagram.com/p/CBL6QIjJlmX/?utm_source=ig_embed

Алиу е еден од најперспективните боксери во нашата земја, а најновото признание ќе биде мотив за следните предизвици кои го очекуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО