Бронза за Вероника Костовска на Карате 1 Серија А во Атина, втор за Македонија

Вероника Костовска (-61 кг) и донесе двојна радост на македонската спортска јавност откако утрово го освои вториот бронзен медал во Атина на Карате 1 Серија А во Атина. Вероника Костовска од Олмпик во борбата за бронзениот медал славеше против Миа Чачко од Хравтска со 2-0.

Ова е голем успех за Вероника и најава за успешна сезона.

Да потсетиме, Костовска обезбеди борба за бронза откако во репасажот славеше против Ешли Какијај од Холандија 2-1. Претходно Вероника во категоријата извојува три победи и пораз.

На денешниот празник Василица со медла се закити и Петар Заборски кој освои бронза во категоријата до 75 кг.

Фаик Весели и Љупчо Михајлов се деветопласирани.

На Карате 1 Серија 1094 спортистиод 81 држава.

Резултати – Карате 1 Серија А – Атина:

-61 кг
Вероника Костовска – Кија Копонен (Финска) 5-0
Вероника Костовска – Даниела Луренчо (Португалија) 6-1
Вероника Костовска – Ирис Ковач (Хравтска) 3-1
Вероника Костовска – Леа Авазери (Франција) 5-6
Репасаж
Вероника Костовска – Ешли Какијај (Холандија) 2-1
За бронза
Вероника Костовска – Миа Чачко (Хрватска) 2-0

Фото: Фејсбук

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО