Петар Заборски освои бронза на Карате 1 Серија А во Атина – првиот медал за Македнија во 2024-та

Петар Заборски (-75 кг) од Макпетрол за Василица и подари медал на Македонија. Заборски освои за бронза на Карате 1 Серија А во Атина, Грција, откако во борбата за медалот го совлада Гркот Евангелос Сереметакис со 1-0.

Претходно Заборски забележа четири победи и пораз.

Ова е добар знак за каратистот на Макпетрол кој покажа дека ја одржува победничката форма од минатата година кога во Ларнака во Светската карате лига освои бронза.

Годинава може да се надеваме на добри резултати на Петар.

За бронза се бори и Вероника Костовска (-61 кг).

Фаик Весели и Љупчо Михајлов се деветопласирани.

Резултати – Карате 1 Серија А – Атина:

-75 кг
Петар Заборски – Димитриос Столис (Грција) 2-2
Петар Заборски – Бернандо Пино Фернандез (Португалија) 2-0
Петар Заборски – Анзор Донадѕе (Грузија) 1-1
Петар Заборски –Немања Микулиќ (Црна Гора) 0-0
Полуфинале
Петар Заборски – Мохамед Абудабус (Либија) 3-3
За бронза
Петар Заборски-Евангелос Сереметакис (Грција) 1-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО