Петар Заборски не застанува – освои бронза на Карате 1 Серија А во Ларнака

Петар Заборски демонстрира добра форма и на Карате 1 Серија во Ларнака, Кипар, освојувајќи го бронзениот медал. Во борбата за бронзата во категоријата до 75 килогтрами Петар салвеше против Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.

Да потсетиме дека Заборски и на Балканското првенство во Тирана, Албанија, освои бронзен медал. Штета, што нема да настапи на Светското првенство во Будмпешта од 24 до 29 октомври.

Сепак, ова е голем успех на каратистот на Макпетрол.

Вториот „макпетролец“, Стефан Стојановиќ беше поразен од Иранецот Махди Ашури 1-5 во борбата за бронзениот медал. Стојановиќ (+84 кг) го освои петтото место.

Матеј Белистојаноски ќе се обиде да го освои вториот медал за Македонија.

На овој турнир на Карате 1 Серија А настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.

Резултати:

-75 кг
Петар Заборски – Панајотис Лазаидес (Кипар) 1-0
Петар Заборски – Константинос Зигурис (Грција) 3-0
Петар Заборски – Олександар Казачок (Украина) 1-0
Петар Заборски – Херохи Пицул (Украина) 0-7
Репасаж
Петар Збаорски – Шота Абуашвили (Грузија) 1-1
За бронза
Петар Заборски – Вилијам Дијантете (Белгија) 3-2

+84 кг
Стефан Стојановиќ – Емре Киванџ (САД) 0-2
Стефан Стојановиќ – Симоне Марино (Италија) 3-1
Стефан Стојановиќ – Омар Бујан (Франција) 4-2
Стефан Стојановиќ – Грег Андресон (Шкотска) 3-8
Репасаж
Стефан Стојановиќ – Богдан Трикос (Србија) 1-0
За бронза
Стефан Стојановиќ – Махди Ашури (Иран) 1-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО