Матеј Белистојаноски ја освои втората бронза за Македонија на Карате 1 Серија во Ларнака

Матеј Белистојаноски денес го освои вториот бронезен медал за Македонија на Карате 1 Серија во Ларнака, Кипар.

Белистојаноски (-60 кг) во борбата за бронзата го совлада Италијанецот Кристијан Сабатино 2-1.

Матеј навестува дека ја темпира формата за на Светското првенство во Будмпешта од 24 до 29 октомври, а тоа е знак дека ќе може да ја израдува македонската јавност и од Унгарија.

Ова голем успех на Белистојаноски во сениорска конкуренција, надоврзаувајќи се на успесите во јуниорска и кадетска конкуренција.

Пред неполн час Петар Заборски се закити со првата бронза за Макењдонија, салвеше против Вилијам Диантете од Белгија со 3-2.

Додека Стефан Стојановиќ беше поразен од Иранецот Махди Ашури 1-5 во борбата за бронзениот медал. Стојановиќ (+84 кг) го освои петтото место.

На овој турнир на Карате 1 Серија А настапија 914 каратисти со 936 натпреварувачки влезови од 76 држави.

Резултати:

-60 кг
Матеј Белистојаноски – Лиридон Зеналај (Белгија) 6-1
Матеј Белистојаноски – Јемал Микеладѕе (Грузија) 3-0
Матеј Белистојаноски – Билал Бузакри (Холандија) 2-0
Матеј Белистојаноски – Моејидмохамад Могжи (Иран) 4-0
Полуфинале
Матеј Белистојаноски – Зајад Али (Египет) 4-7
За бронза
Матеј Белистојаноски – Кристијан Сабатино (Италија) 2-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО