Бригс тврди: Ќе се борам со Кличко, кога и каде ќе видиме!

klitschko-briggs-jpg

Се чини дека желбата на Шенон Бриг да ги вкрсти ракавиците со Владимир Кличко ќе се оствари. Или американскиот ветеран повторно нешто смислил… Бригс во интервјуто за едно американско радио откри дека веќе постигнал договор со актуелниот светски шампион, односно дека само прашање е кога и каде ќе се одржи мечот.

„Се чувствувам одлично во рингот иако имам 43 години. Единствената причина поради која сакам да му се вратам на боксот е желбата да ги вкрстам ракавиците со Кличко. Договорот е речиси постигнат, еиднственото останува да одлучиме кога и каде. Сигурен сум дека ќе биде оваа година“, истакна Бригс.

Тимот на Кличко не ја исклучува можност за борба со Бригс, меѓутоа, претходно го договорија дуелот со Брајант Џенингс.

„Знам дека во април ќе има борба со Џенингс, но никој не знае каде. Мислам дека единствената причина поради која тимот на Кличко ќе се определи за друг боксер е политиката на НБО (Ејџ-Би-Оу) каналот кој не сака да пренесува борби со мене. Меѓутоа, бројките не лажат, нема смисла Кличко во Њујорка да се бори со некој друг освен со мене“, додаде Бригс.

Последните информации велат дека постои можност Кличко и Џенингс да се борат во Киев, но ништо не е сигурно пред сѐ поради лошата ситуација во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО