Државното карате првенство: Ден на фаворитите!

Berat i Simon

На Државното карате првенство за сениори резултатите се во рамките на очекуваното. Фаворитите станаа државни шампиони за 2014 година на Македонија.

Еден од најочекуваните мечеви беше оној меѓу Берат Јакупи од КК Фати и Симон Антиќ од КК Макпетрол во категоријата до 84 килограми, кој заврши со победа на Јакупи со судиско изјаснување, бидејќи во регуларниот дел мечот заврши 2-2. Иако многу се очекуваше, сепак, ова беше тактичка и тврда борба.

Dean na tron

Дејан Црничиќ (Кеикс) му се реваншираше на Тоде Рисетски (Спорт 94) за поразот на Балканското првенство во Охрид и стана шампион на Македонија во категоријата до 67 кг. Европскиот шампион Емил Павлов (Макпетрол) во категоријата до 60 кг рутински дојде до титулата, додека Иво Цветковски (-75 кг) од Металург имаше тешка работа со Енес Смаилагиќ од Цветан Димов.

Ivo i n

На 2 секунди до крајот Смаилагиќ водеше со 1-0, но му беше досудена казна поради ризична борба, по што мораше да се задоволи со второто место. Во најтешката категорија, над 84 килограми, Жарко Арсовски (Макпетрол) беше поразен од Мартин Несторовски (Металург). Интересно е да се спомене дека во полуфиналето се бореше против брат му Сашко Арсовски (Штип).

Најуспешен клуб е Макпетрол со 10 освоени медали од кои: 5 златни, 3 сребрени и 2 бронзени. Втор е Металург (4-2-7), Ронин е трет (2-3-5), потоа Вардар (2-0-0), Штип (1-0-1), Кеикс (1-0-0) итн.

emil Pavllov

Екипен првак на Македонија е екипата на Металург, откако во финалето ја совлада екипата на Макпетрол со 3-1. Додека во женска конкуренција Макпетрол беше подобар и славеше со 3:0.

Pulisnija Jovanovska

Во кати најдобра беше Пуликсенија Јовановска од Ронин, а кај сениорите Фери Исиќ (Варадар). Ката тимот на Ронин беше најдобар кај жените, а Вардар кај мажите.

Simona 2

Симона Заборска (-55 кг), Сара Радичевска (-50 кг), Наташа Стефановска (-61 кг) и Моника Стефановска (-68 кг)  од Макпетрол не дозволија изненадување во своите категории, а Драгана Тодорова од Металург е најдобра во категоријата над 68 кг.

Saa adicvsia

Matin i Zako

Се чувствува осипувањето во сениорска конкуренција, затоа мора да се размислува за системската поставеност на карате спортот, за да не се соочиме со сениорски колапс во блиска иднина. Од друга страна, катите како да се занемарени и како да се работат само во Ронин, пред се во женска конкуренција.

Сите резултати Државно_првенство_за_сениори_извештај (1).

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО