Време беше: УФЦ сними документарец за Кероне! (ВИДЕО)

cerrone doku

Откако го направи најлудиот потег досега, прифаќајќи ја борбата против Бенсон Хендерсон само 12 дена по последната борба, УФЦ ја направи вистинската работа снимајќи документарен филм за својот, веројатно (позитивно), најлуд борец, Доналд Кероне.

 „УФЦ со сите ангели“ (UFC From All Angles) е наречен новиот серијал, во кој организацијата ќе ги презентира своите борци, а честа да биде дел од сегашниот серијал му припадна на Доналд Кероне. Борец кој тешко може да не го сакате и со нетрпение да ги очекувате неговите борби. Ова е борец кој не избира кој, кога и каде, и на тој начин ја гради својата репутација и своето наследство .

 Овде ќе видиме каков е Кероне надвор од кафезот, кои се неговите хобија, како изгледа животот на неговиот ранч и од каде толку големата зависност за адреналински авантури. Едно е сигурно, Доналд Кероне е хедонист кој го живее животот во потполност и како таков може само да ни биде пример.

 Овие 20 минути се исклучително вреден материјал кој не треба да гледаат само ММА фановите, туку секој човек кој сака да го проведува својот живот и како да се дојде до стадиумот кога ќе може да погледнете зад себе и да кажете „je ne regrette rien“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО