Бригс го нападна отворениот тренинг на Кличко и Пулев

,highRes,maxh,480,maxw,480,WID_5586

Скандалозниот американски боксер, Шенон Бригс, се појави на отворениот тренинг на Владимир Кличко и Кубрат Пулев, пред мечот на 15 ноември во Хамбург. Последниот Јенки, освојувајќи ја светската титула во тешка категорија, се појави пред новинарите гол до појас, демонстрирајќи дека за еден миг е подготвен да излезе на рингот и да се бори со Кличко.

Бригс веќе со месеци прогонува украинскиот боксер и прави секакви циркуси со идејата да си издејствува боксерска средба со него. Сепак, ва моментов Владимир не сфаќа сериозно американскиот колега и го нарекува психопат кој си прави ПР.

Вчера Бригс дигна гоема врева на централната железничка станица во Хамбург, откако се соблече по шорцеви во пешачката зона и покрај ниските температури. Шенон викна лево и десно:„Каде е Кличко, таму сум и јас! Јас сум вистинскиот шампион, тој удира како како баба“.

Американецот сепак не ја оствари дадената закана да го нападне на прес-конференцијата, која беше скандалознапоради присуството само на Кличко и луѓето од неговиот штаб, бидејќи Пулев ја бојкотираше.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО