Бразилското џиу џицу стана помодарство меѓу холивудските ѕвезди

Skarlet Johanson

Бразилското џиу џицу има се поголема популарност во целиот свет. Пред некое време е направена листа со 22 познати личности кои го практикуваат овој убав и ефикасен боречки спорт. Листата на суперѕвезди постојано се зголемува и веќе во „клубот на ѕвездите“ на бразилското џиу џицу може да ги додадеме и имињата како на актерот Кијану Ривс, и на 31-годишната убавица Скарлет Јохансон.

Скарлет тренира кај Хиган Мачадо во академијата во Беверли Хилс. На ова место, под еден покрив тренираатMacado so nekoja бројни познати личности кои се занимаваат со филмска уметност. Голем процент од нив се срамат и претпазливо одговараат поради фактот дека нивниот изглед е директно поврзан со професијата од која заработуваат. Токму поради нив Хиган Мачадо поминал девет години во размислување како да го минимизира спарингот, но да создаде амбиент, преку кој неговите ВИП ученици ќе може да напредуваат во спортот. Ситемот за „специјалните“ практичари се состои од повеќе од 700 техники кои овозможуваат вежбање и повторување без никакви шанси за повреда.

Holivudska zvezda

„Јас создаде нов систем на бразилската џиу џицу, кој е специјално прилагоден за луѓе кои не можат да си дозволат да се повредат. Тоа е технички тренинг. Тие учат бразилско џиу џиицу и тренираат, но е многу побезбедно. Го создадов овој вид тренинзи за клиентелата во Беверли Хилс. Натпревари, спаринг … тие не можат да си дозволат слични активности и определби. Не можам да ризикувам, дури не смее да има минимална шанса да се повредат. Кај мене има 18 познати личности кои ја користат мојата програма. Некои треба да потпишат договор за необјавување на информации, додека други како Ештон Качер и Мики Рурк доаѓаат редовно. Ашер доаѓа од време на време, а Вин Дизел кога е во градот“, вели Хиган Мачадо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО