Браќата Тафа и Усман ќе се соочат еден со друг на УФЦ Фајт најт 222

Помладите браќа на Џастин Тафа и Камару Усман, Жуниор и Мухамед, ќе влезат во октагонот на УФЦ Фајт најт 222 на 23 април, објавија организаторите.

Усман е победник на 30-тото издание на ТУФ, што автоматски го прави еден од надежните млади таленти на федерацијата. Веќе има скор 8-2 во професионалци, а во дебито на големата сцена го нокаутираше Зак Пауга.

Тафа, пак, ќе дебитира на предметниот меч, а до денес има 4 победи од 4 меча.

Ќе биде интересно да се види дали ова ќе биде почеток на големото ривалство меѓу две докажани семејства во мешаните боречки вештини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО