„Борачиња“ издејствува милион долари по меч на УФЦ

Пауло Коста е на пат да стане најплатен Бразилец во историјата на УФЦ доколку се потврди извештајот на Тамара Алвеш.

Неговата поубава половина и неговиот менаџер му откриле на Аг.Фајт дека двајцата се на пат до договор со федерацијата за уште 4 меча, од кои секој ќе му гарантира по 1 милион долари, без разлика дали ќе победи или загуби.

Тој во моментов има само уште еден меч од актуелниот договор и гласините се дека ќе одбие да го одржи додека не добие нов договор.

„Борачиња“ на самата публикација објави дека планира да влезе во октагонот против Шон Стрикленд или Хамзат Чимаев, со што ќе започне нова страница во неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО