Борис Лескаровски организираше успешен турнир, а неговите каратисти освоија 21 медал

На 1 и 2 јуни Бил, Швајцарија, се одржа најголемиот Промо турнир за деца и млади од У-10 до У-18, под раководство на нашиот докажан карате тренер Борче Лескаровски со неговите клубови во Бил и Муртен и Швајцарската карате унија! На турнирот настапија над 400 учесници и 720 натпреварувачки влезови од 26 клубови, што е одлична бројка.

Лескаровски е експерт на унијата! Учениците на Борче освоија 21 медал – 1 златен, 5 сребрени и 15 бронзени и преку 28 дипломи. Кашивакан се пласира во 15 најдобри клубови.

Меѓутоа, имаше учесници и во пара-карате што на турнирот му дадоа пголема вредност и значење!

Само на турнирот кој го организира сенсеи Лескаровски има такви категории за деца и млади со физички и ментален хендикеп што го прави турнирот емотивен!

Сенсеи Борче има најголеми успеси од нашите каратисти во дијаспората и прав е наш амбасадор за карате спортот надвор од Македонија! Неговите клубови се едни од 10-те најдобри во Швајцарија, кој има во неговата кариера створено преку 40 швајцарски и интернационални шампиони!

Ќе истакнеме дека на турнирот настапија уште два клуба предводени од македонски мајстори Марина Николова и Ѓоре Стојанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО