Борче Костовски: Во Токио го зачувавме образот на нашата држава Македонија! А дома искреиравме иднина во која Македонецот е победник! (ВИДЕО)

На 23 јуни годинава претседателот Стево Пендаровски ги одликуваше Лазар Лечиќ, Владимир Богоевски, Насе Насев, Борче Костовски и Благоја Георгиевски-Буштур со Медал за заслуги за Република Северна Македонија за нивниот траен белег на спортските терени и огромниот придонес за афирмација на македонските спорт и држава. Георгиевски беше одликуван постхумно.

Пендаровски со семејствата на добитниците (Фото: Кабинет на претседателот)

По овој повод од службите на Претседателот беа подготвени видео материјали, а еден од тие материјали го споделивмеи ние, тоа е за сега покојниот легендарен селектор во борење Насе Насев.

За Денот на независноста „8 Септември“ беше објавено видео од говорот на селекторот и претседател на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски, кој е и тренер на олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски.

Погледнете го говорот на д-р Борче Костовски:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО