Борче Костовски: Учеството на ЕИ е привилегија, додека медалот е голема чест, од сабота почнуваат подготовките за собирање поени за Париз

Селекторот и тренер Борче Костовски, кој во последната деценија остава печат во македонскиот спорт испишувајќи историја, од вчера е побогат за уште еден медал на негов спортист, односно среброто на Дејан Георгиевски од Европските игри (ЕИ) во Краков, Полска. Така, таеквондото го издигна наниво на еден од најуспешните спортови во Македонија. Нацијата беше во делириум кога Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио 2021 (2020) година.

Сите коишто го познаваат, но и наша новинарска забелешека, дека многу не зборува туку многу работи и прави резултати. Секогаш се провлекува една реченица „можеме повеќе,можеме да победиме, со Гопод напред за Македонија“.

-Европските игри кај нас се рангирани Г4, тоа е исто како Европско првенство, но би рекол класа посилни од ЕП, затоа што тука доаѓаат најдобрите само од континетот. Да појаснам, најдобрите 16. И самото учество тука е привилегија, додека медалот е голема чест, вели селекторот на таеквондо репрезентацијата Борче Костовски по настапот на нашите репрезентативци на ЕИ и освојувањето на Дејан Георгиевски на сребрениот медал.

Колку си задоволен од постигнатите резултати?

-Резултатите што се постигнати, секако, може да се подобри. На пример, Мила Рељиќ изгуби борба за медал, а ние во финалето. Секако, можевме поинаку, но тоа во наредна ситација, ако даде Господ.

Дали Дејан можеше повеќе во финалето?

-Со Дејан може да победиме секого на планетава! Сега, дали можевме подобро е небитно, битно е противникот беше подобар и му честитаме.

Кои се наредните настапи на репрезентацијата? Каков е планот за обезбедување олимписки норми?

-Имаме мал одмор (хехе…се шегувам). Немаме одмор, веќе во сабота одиме за Крушево на висински подготовки. Потоа на почетокот на август на подготвки во Охрид. Па најверојатно на тренинг-камп низ Балканот и во септември почнува последниот круг собирање поени за Париз – Гран при турнири Париз, па Манчестер, Кина.

Пендаровски со семејствата на добитниците (Фото: Кабинет на претседателот)

Пред неколку дена бевте одликуван со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски: Што претставува за Вас ова признание?

-Медалот за мене прво е чест, а потоа привилегија што  сум во едно такво друштво како Насе Насев, Лазар Лечиќ, Владимир Богоевски, како наши врвни тренери. А, од друга страна, ништо посебно, одликувањата не го прават човекот човек!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО