Борче –Борис Лескаровски ракводеше со најголемиот семинар на Швајцарска карате до унија

Швајцарската карате до унија во саботата го одржа еден од најголемите семинари во Швајцарија под раководство на нашиот карате мајстор сенсеи Борче –Борис Лескаровски.

Семинарот се одржува во убавиот град Монтро кој има поглед најубавото езеро Леман, при што учествуваа повеќе од 120 членови на Швајцарската карате до унија.

Сенсеи Лескаровски ја презентираше катата „сансаи“ која е една од најкомплицираните кати во ВКФ системот.

Инаку Борче е национален експерт и е член на техничката комисија за доделување високи признанија.

Борче Лескаровски соработува со Јапан генсеи рју карате до и сенсеи Тецуја Фуџита од ЈКФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО