Алџамејн Стерлинг: Френсис Нгану победи во мечот против УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ во бантам категорија Алџамејн Стерлинг тврди дека Френсис Нгану излезе како победник во борбата против УФЦ.

На почетокот на годината Нгану презеде голем ризик и одби милиони долари за да се бори со Џон Џонс во УФЦ. Камерунската ММА ѕвезда не потпиша повторно со УФЦ и стана слободен агент. Скоро 5 месеци Нгану беше без работа, а критиките кон него не престанаа . Сите зборуваа за тоа како згрешил што го напушти УФЦ.

Во мај Нгану потпиша со ПФЛ и подоцна договори борба со Тајсон Фјури. Нгану дебитираше во бокс минатиот месец и настапи многу силно. Го собори Тајсон, но загуби со поделена одлука. Речиси сите веруваат дека Нгану бил ограбен во оваа битка. Во реалноста, Нгану не изгуби ништо затоа што неговите акции вртоглаво пораснаа, а тој заработи милиони.

Сега сите сакаат да боксираат со него. Ова го наведува Стерлинг да верува дека Нгану го победил УФЦ.

„Според мое мислење, навистина мислам дека Френсис го доби натпреварот. Мораше да го направи она што тој го сакаше, според неговите услови. Можеби требаше некое време, можеби не беше платен некое време, но овие пари сега го надоместуваат сето тоа.

Веруваше и се обложи на себе и на крајот на денот беше во право. Се смее на пат кон банката. Како шампион, тој ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ. Нгану го напушти УФЦ со појасот и сега ги има сите овие други можности. Затоа, чест на Френсис за тоа“, изјави Стерлинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО