Бомба: Македонија го губи џудо бисерот Хамза Јашари

„Нашиот најуспешен џудист Хамза Јашари спортската кариера ќе ја продолжи во Пеќ во клубот на мојот колега Дритон Кука“, напиша утрово на својот Фејсбук профил Игор Паскоски, тренерот на Хамза.

Понатму во  обајснувањето вели:

„Освоените 4 медали од континенталните купови и медалот од Европското првенство 2018 година не беа доволни да се разбуди свеста кај релевантните фактори, особено Џудо федерацијата на Македонија, која не понуди никаков план, програма или буџет за најуспешниот џудист на сите времиња, иако и официјално беше побарано. Од постигнатите резултати, Хамза Јашари, џудо клубот Миоки и јас, како тренер, немавме апсолутно никаков бенефит. Останавме да работиме во истите лоши услови како и секогаш и без соодветна поддршка. ЏФМ и овој пат покажа тотална негрижа и незаинтересираност, исто како и пред неколку години, кога нашата олимпијка Катерина Николоска одлучи кариерата да ја продолжи во Хрватска. Поразително е што ги губиме и онака малкубројните врвни спортисти (џудисти) поради себичноста, суетите, самоволието, нестручната работа и негрижата на одредени лица – фактори во ЏФМ. Посакувам Хамза Јашари да постигне врвни спортски резултати иако можеби ќе бидат под знамето на друга држава, но во вакви услови не може поинаку! Хамза останува член на ЏК Миоки и секогаш ќе ја има поддршката од Миоки тимот, без оглед која држава ќе ја претставува на врвните натпревари“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО