Боксерска легенда му порача на Конор: Батали ММА и посвети се на боксот

Конор Мек Грегор загуби со нокаут за прв пат во кариерата минатиот месец. Дастин Пориер ја победи ирската ѕвезда со нокаут во втората рунда на УФЦ 257 во Абу Даби, со што му врати за поразот од 2014 година. Тоа беше петти пораз за Мек Грегор во кариерата.

Легендата на боксот Џорџ Форман смета дека Озлогласениот треба да се слободи од ММА. Поранешниот шампион смета дека Мек Грегор може да понуди одличен бокс против Мани Пакијао.

Но, бидејќи Конор загуби против Дастин, сега таа борба е во втор план. Ирецот сака реванш против Пориер.

„Би сакал да го гледам Мек Грегор на боксерски мечеви“, вели Џорџ Форман и продолжува:

„Мислам дека може да го победи Пакман во десет рунди. Тој се прилагоди на боксот, а во ММА веќе нема да оди толку добро. Пакијао е многу добар, но Мек Грегор може да го победи“.

Конор Мек Грегор загуби во единствениот меч во бокс во август 2017 година од поранешниот шампион Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО