Меѓународна сценаММА

На српски ММА борец одморот на Младивите му се пртевори во кошмар

Душко Тодоровиќ, српски ММА борец и член на УФЦ, бил минатата недела на Малдивите. Кога тој и неговата девојка се подготвувале да се вратат дома, доживеале шок при ПЦР тестирањето.

Првиот наод на Тодоровиќ за коронавирусот се карактеризирал како неубедлив, а вториот бил позитивен. Како резултат, тој бил спречен да се врати дома, и веднаш бил испратен во карантин, што треба да трае 14 дена, со уште два дена за нов тест.

“Овој одмор се претвори во хорор. Немам никакви симптоми. Дојдов на Малдиви со негативен тест. Дали некој знае кому да му се обратам за помош? Ова е лудо”, се пожали 26-годишниот УФЦ-борец на Инстаграм кому 16 дополнителни дена на Малдивите ќе му донесат непланиран трошок.

Тодоровиќ бил позитивен на коронавирус и пред половина година. Тоа се случило во пресрет на одењето на неговата прва борба во УФЦ. Тогаш не настапил во најсилната ММА организација. Подоцна имал две борби во УФЦ, најпрво го победил Декуан Таунсенд, а потоа загубил од Пунахеле Соријан. Поразот од Соријан е единствениот во неговата кариера со 11 борби.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON