Хабиб: Може да се борам, но сакам нешто интересно

109

Непоразениот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов постојано е во расчекор. 32-годишниот Дагестанец се повлече од ММА кон крајот на минатата година откако го победи Џастин Гејџи.

По борбата „Орелот“ објави дека се повлекува од ММА затоа што и ветил на својата мајка. Во последните месеци Нурмагомедов не престанува да зборува дека е готов, но во исто време остава врата за враќање.

Дана Вајт очигледно чувствува нешто и сè уште го држи Хабиб на врвот на рангирањето на организацијата. Тие ќе се сретнат на крајот на месецот за да ја разјаснат неговата иднина. Неодамна, Нурмагомедов даде интервју за руските медиуми и рече дека е подготвен да се врати, но сака нешто интересно во лесна категоријата.

„Нема да се борам во полусредна категорија и тоа е сигурно. Тоа не е моја категорија. Кога сум во форма, тежам 81 килограм. Која е поентата да тежам 80 кг ноќта на борба и да се борам со еден од најголемите борци во историјата на полутешка категорија? Јас сум шампион во лесна категорија.

Ако се појави интересна опција, тогаш ќе се борам во лесна категорија. Нема да се борам со Жорж Сент Пјер на 80 килограми. Сент Пјер ме мотивира и возбудува, но тоа е готово. Тој веќе има 40 години. Да ја завршиме оваа тема. Тој е легенда и ми се допаѓа како личност. Сент Пјер е достоен претставник на ММА“, рече Хабиб.