Боксерите ги добија противниците на Европските игри, денеска е свеченото отворање

Македонските боксери ги добија противниците на вторите Европски игри во Минск – Белорусија. Јасин Љама ќе се бори против Словенец, Гоце Јанески со Ирец и Арсим Етеми со Холаѓанец.

Јанески и Етеми ќе ги почнат борбите од второто коло, бидејќи во првото двајцата се слободни, како и противниците.

Нивните борби се утре.

Тренерот на репрезенатцијата Петар Чурлиновски е делумно задоволен од ждребот.

„Се надевам дека максимално ќе дадат од себе за да се покажат во најдобро светло и остварување на што подобар резултат“, изјави Чурлиновски.

Се чини дека Љама доби поскакуван противник, а е и во добра подготвен тактичка и физичка подготвеност, во наредното коло може да се надева на борба за медал.

Денеска е свеченото отворање на игрите,  на кое  знамето ќе го носи Јанески.

60 кг Јасин Љама – Тадеј Цернога (Словенија)

69 кг Гоце Јанески – Киран Молој (Ирска) во второто коло

75 кг Арсим Етеми – Макс Ван Дер Пас (Холандија) во второто

Покрај подигање на знамето, сите претставници на Националните олимписки комитети засадија дрво во спортскиот парк.

Арбреша Реџепи и Гоце Јанески беа на допинг контрола, а резултатите од контролата, според правилата, ќе се знаат по периодот од 24 часа, односно денеска.

Утре, 22 јуни, ќе настапат и Арбреша Реџепи (џудо) и Далибор Богданов (самбо). Ждрепките за Арбреша и Далибор се денеска во 13:00 односно 15:00 часот..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО