Боксер се борел 5 рунди со скршена вилица (ВИДЕО)

Австралиски боксер издржа 5 рунди во рингот со брутална повреда.

Бенџамин Хусеин ги шокираше навивачите и професионалците ширум светот откако остана со скршена вилица на неговиот меч против Бен Махони. Во втората рунда, 25-годишниот боксер доби тешко лево кроше во лицето, што му ја исфрли гумата од устата. Неговиот табор се двоумеше да фрли крпа, а Хусеин остана во рингот до 6-та рунда пред судијата да интервенира.

Лекарот бил повикан на рингот и тој изјавил дека „не видел посериозна фрактура на вилицата“, инсистирајќи на тоа да се прекине мечот. Хусеини инсистираше средбата да продолжи, но судијата и докторот го завршија мечот и му ја подарија победата на Махони.

Повредениот боксер подоцна ги искористи социјалните мрежи за да ги покаже повредите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО