Бокс репрезентацијата добро прифатена од домаќините во Скадар (ВИДЕО)

Македонската репрезентација во У-22 интензивно се подготвува во Скадар-Албанија со албанската репрезентација за Европското првенство за млади сениори (У-22) во  во Тргу Јиу, Романија, од 24 март до 2 април.

Според зборовите на тренерот на репрезентацијата, Мирко Ристевски – Мице, добро се примени од домаќините и тренираат два пати дневно, наутро во 10 часот и попладне во18. Максимално се залагаат, а, пред се, добредојдени се спаринзите. И килажата доаѓа на посакуваното ниво.

Во Скадар се Гоце Јанески, Лулзим Исмаили и Јасин Лама и ќе се подготвува до 21 март, потоа се враќаат во Скопје за да се одморат и подготват 1-2 дена. По малиот одмор под водство на селекторот Петар Чурлиновски и на тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху заминуваат за Романија.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО