Боби Војдиновски – судија кандидат за Олимписките игри во Токио!

На турнир од Карате 1 Премиер лига, што се одржа од 12 до 14 март во Истанбул, Турција, македонскиот судија со светска лиценца, Боби Војдиновски, се најде на финалната листа од 20 кандидати на светски судии, од кои ќе се изберат 15-мината што ќе судат на Летните олимписки игри во Токио.

Војдиновски е долгогодишен носител на светската лиценца на ВКФ и има судено на најголемите натпревари како што се светски и европски првенства, Европските игри во 2015 година во Баку и Премиер лиги и евентуалното учество на олимписките игри во Токио ќе биде круна на неговата кариера.

Ова е уште едно големо признание на македонското карате, по освојувањето на бронзениот медал на Емил Павлов на Премиер лигата во Истанбул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО