Хабиб: Колку е убаво да не си активен спортист

Актуелниот шампион во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов продолжува да ужива во пензионирањето, што го најави во октомври.

„Од 2012 година само сонував да стигнам во овој град (Сан Франциско) без да се подготвам за битка и без никаква диета. Само да се шетам и да уживам во добра храна. Одговорот е – излегува дека сум бил во затвор. Колку е убаво да не си активен спортист“, напиша Дагестанецот на Инстаграм.

Така, Нурмагомедов уште еднаш стави до знаење дека се чувствува пријатно во пензија и не планира да ја обнови професионалната кариера како борец.

Сепак, во неодамнешното интервју, претседателот на УФЦ, Дана Вајт, повтори дека организацијата не планира да ја прогласи слободната титула на УФЦ во во лесна категорија и се надева дека Хабиб ќе се предомисли и ќе се врати во октагонот за триесеттата победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО