Бобан Данов и Дејан Митров први на пеливанскиот турнир во Куклиш

Boban danov pelivan vo kuklis

Минатиот викендов во Куклиш, Струмичко, борачите на Балканец- Бобан Данов, Дејан Митров, Аце Арсов, Горан Ангелов постигнаа забележителни резултати во пеливанско борење – сите ги освоија првите награди во своите категории, а тие се движеа од 100 до 400 евра.
Бобан Данов е прогласен за баш пеливан, откако во најтешката катгорија постигна две победи. Во финалето го победи Аце Арсов, клупскиот другар, кој претходно го совлада Хамид Бакија. Во своите категории најдобри беа и Дејан Митров и Горан Ангелов, двајцата од Балканец. На штипските борачи им припадна и специјална награда- јагне.

Boban Danov borba Kuklis
„Задоволни сме од наградите. Наскоро ќе учествуваме и на пеливански борби во Косово, каде наградите се многу поголеми, а поканети сме и да се подготвуваме во Турција јас, Дејан Митров и Аце Арсов од најдобриот борач на сите времиња во Турција, Ахмет Таци. Моите планови се кариерата да ја продолжам во Германија, од каде имам покана од еден клуб“, рече Бобан Данов.

Ipon.mk/К.М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО