Мурад Лахруи, брат на терористот самоубиец Наџим, стана европски првак

brat-na-terorist lahrui

Мурад Лахруи стана европски првак во таеквондо на шампионатот во Швајцарија, ништо не им значи на нашите љубители на спортот,  доколку 21-годишниот Мурад не е помлад брат на Наџим Лахруи, човекот што на 22 март изврши терористички напад на аеродромот во Брисел.

Неколку дена по објавувањето на веста за идентитетот на бомбашот самоубиец од 22 март беше објавено и дека тој има помлад брат што е репрезентативец на Белгија во Таеквондо. Два месеци подоцна, Мурад Лахруи во финалето од категоријата до 54 килограми го победи Шпанецот Хесус Тортоса, со што обезбеди пласман на ОИ во Рио де Жанеиро.

Сакаме само да продолжиме со животот. Мое семејство не беше во контакт со Наџим уште од 2013 година, кога тој замина за Сирија“ – истакна Мурад Лахруи по терористичкиот напад на неговиот брат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО