Блејдс постави рекорд против Волков и ја забележа четвртата победа во низа (ВИДЕО)

Tешкашите Кaртис Блејдс и Александар Волков во глваната борба на УФЦ на ЕСПН 11 во Вегас ги одработија сите пет рунди, а на крајот со одлука на судиите славеше Блејдс.

Во првите секунди од борбата, Блејдс успеа да го доведе Волков во партер позиција и доминираше во текот на целата рунда, задавајќи четири удари. Следните две рунди беа повторување на првата, а нсоборувања продолжија од страна Картис. Тој вети дека нема да има битка од стој, туку фрлање, а токму тоа и се случи.

Сепак, во последните две рунди, Волков успеа да забележи неколку добри погодоци, но за жал не беа доволни. Блејдс успеа да ја наметне својата татктика со соборувања во овие рунди и направи дури 14 во мечот, што е рекорд за тешка категорија. Средбата заврши со одлука на судиите, што беше во полза на Блејдс – (49-46, 48-47, 48-46). Чест е за Волков што не се откажа и се бореше до крај, но, за жал, не можеше да најде одговор за тактиката на противникот.

Со оваа победа, Блејдс влезе во серија од четери последователни победи. Картис загуби само една од последните 11 борби и го зацврсти барањето за титулата. Сепак, тешко дека ќе добие шанса, бидејќи Нангу, кој го победи два пати, исто така ја чека својата шанса. Волков, од друга страна, се враќа на поразите, со два 2 од последните 3 битки.

https://www.instagram.com/p/CBro7-OnUm7/?utm_source=ig_embed

УФЦ на ЕСПН 11 резултати:
Картис Блејдс – Александар Волков едногласна одлука (49-46, 48-47, 48-46)
Џош Емет – Шејн Бургос едногласна одлука (29-28 x2, 29-27)
Ракел Пенингтон – Марион Рено едногласна одлука (30-27, 29-28 x2)
Белал Мухамед – Лиман Добар едногласна одлука (29-28 x3)
Џим Милер – Рузвелт Робертс со завршница (лост на рака) (Р1, 2:25)

Воведни борби:
Боби Грин – Клеј Гида едногласна одлука (29-28 x2, 30-27)
Тесија Торес – Брајан ван Бурен едногласна одлука (30-27 x3)
Марк-Андре Бариоф – Оскар Пиехота ТКО, (Р2, 4:50)Џ
Џилијан Робертсон – Кортни Кејси завршница (Р3, 4:32)
Џастин Џејнс – Френк Камачо ТКО (Р1, 0:41)
Лорен Марфи – Роксан Модафери едногласна одлука (30-27 x2, 29-28)
Остин Хабард – Макс Рохскопф  ТКО (Р2, 5:00 часот)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО