Блејдс: Џон Џонс можеше да биде Леброн Џејмс во ММА

Еден од најдобрите во тешка категорија реши да го посоветува Џон Џонс. Картис Блејдс верува дека „Коски“ би можел да стане Леброн Џејмс во ММА, но сите скандали околу него се премногу. Џyонс неодамна уште еднаш беше уапсен во Лас Вегас.

Се предозирал со алкохол, а потоа отишол дома и ја претепал сопругата. Полицијата била повикана од хотелот во Вегас, а Џон ја удрил главата во хаубата на патролната кола. Тој ќе мора да се појави на суд подоцна овој месец за да одговара за неговите случаи.

Во последниве години Џонс имаше многу проблеми со законот и со УСАДА. Во интервју за американските медиуми Блејдс му го даде следниот совет на колегата:

„Тешко е да се види што се случува со Џон Џонс. Можеше да биде Леброн Џејмс во ММА, но ги има сите овие проблеми со законот. Овде не ни зборуваме за проблемите со забранетите супстанци.

Џон имаше големи проблеми со властите во последните години. Мислам дека треба да престане да пие алкохол. Јас не сум тој што ќе му кажам. Сепак, ова е мое мислење.

Мислам дека му треба подобро друштво околу него. Луѓето со кои моментално се движи не се добри. Ако возам со него во Лас Вегас, тогаш ќе му кажам дека ќе бидеме дома во 11:30 часот. Сакам да се преберам дома“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО