Егис Климас: Усик е крал во тешка категорија

Кралот  во тешка категорија е Александар Усик, а не Британецот Тајсон Фјури, според менаџерот на украинскиот боксер Егис Климас. Минатиот викенд, Фјури, познат во боксерскиот свет како „Ромскиот крал“, го нокаутира Дионтеј Вајлдер во 11-тата рунда и го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија.

Така Фјури остана непоразен во рингот и се приближи до најголемиот во историјата. На својот профил на социјалните мрежи Климас ги потсети сите аналитичари дека не треба да заборават на Усик, кој ги има титулите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО во тешка категорија.

„Овие луѓе зборуваат за тешка категорија, а да не зборуваме за кралот во тешка категорија. Не заборавајте, Александар Усик е во оваа категорија. Неоспорно!“, напиша Климас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО