Блахович размислува за борба со Џонс: Ќе се обидам да го нокaутирам

По минатогодишната победа против Кори Андерсон, Јан Блахович (28-8) го порозва Џон Џонс, кој немаше ништо против тој меч. Полјакот имаше желба да ја нападне титулата против шампионот во полутешка категорија, но како што се протегаа преговорите на „Коски“ со УФЦ, таа борба не се случи. Во меѓувреме, Џонс реши да го ослободи појасот и да се пресели во тешка категорија.

Но, Блахович доби шанса да ја освои титулата. Полскиот борец го нокаутира Доминик Рејес во мечот за појасот во полутешка категорија, а потоа ја одбрани титулата против Израел Адесања. Негов следен противник може да биде Гловер Тешеира, но, сепак, верува дека еден ден ќе се бори со Коски.

„Верувам дека ќе добијам шанса да се борам со Џон Џонс. Ми вети средба, но не сакам да зборувам за Џонс, бидејќи во моментот ми е досадно од таа тема“, рече Јан Блахович и откри какви шанси би имал против Коски:

„Ако добијам договор од УФЦ за борба против Џонс, ќе најдам начин да го победам. Секако, би се обидел да го нокаутирам, но мислам дека тоа би бил судир сличен на оној што го имав против Адесања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON