„Волците“ добија опрема од Боксерската федерација на Македонија (ФОТО)

По повод првата годишнина од полноправното членство во НАТО и соработката со Боксерската федерација на Македонија, на припадниците на Армијата од состав на баталјонот за специјални сили, БФМ им донираше боксерски реквизити (ракавици за тренинг, фокусер и вреќи) на специјалците.

Од АРМ велат дека се добредојдени за подобрување на обуката, не само во боксот, туку и во останатите боречки вештини кои ги практикуваат популарните „Волци“ и кои јавноста многупати досега имала можност да ги види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО