Бивол: Ќе го дадам најдоброто од себе на средбата со Канело

Димитри Бивол е еден од најдобрите во полутешкаши во бокс и веќе 4 години ја има титулата на ВБА.

Сега ќе има шанса да ги докаже своите вештини, бранејќи ја титулата против Сол „Канело“ Алварез, кој е шампион во четири категории.

Бивол ја освои титулата на ВБА по победата со нокаут во првата рунда над Трент Бродхерст и оттогаш забележа седум одбрани, иако 6 од нив беа судиска одлука.

Но, јас ги добив“, рече Бивол и додаде: „Не ми е целта да завршам меч со нокаут. Ако само помислите за тоа, тогаш ги заборавате сите ваши комбинации, целата своја стратегија. Мора да се борите во рингот на начин на кој се подготвувавте на тренинг”.

31-годишниот Киргистанец сега живее во Санкт Петербург, Русија и се подготвува за својата најсериозна голгота – дуел со страшниот Мексиканец, кој важи за голем фаворит, а Бивол за прв пат ќе биде аутсајдер во кариерата.

Сепак, тоа нема да го спречи да излезе сигурен во рингот.

„Верувам во своите вештини. Секогаш кога ќе зачекорам во рингот, верувам дека можам да го победам противникот. Зошто да не можам? Се разбира, тој има многу фанови и е попознат од мене. Но, тој е само маж , и се бори во пониска категорија од мојата Има сила, но и јас имам. Има добри вештини, но моите вештини се исто така добри

Сите битки што ги водев досега ме доведоа до оваа. Ќе бидам во најдобра форма и ќе дадам се од себе на 7 мај против Канело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО