Александар Усик и Ентони Џошуа наскоро треба да го договорат реваншот

Боксерот од Украина, Александр Усик, наскоро би требало да ги брани светските титули во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО против Британецот Ентони Џошуа.

Усик го победи Џошуа на стадионот на Тотенхем минатиот септември и му ги зеде шампионските појаси, а потоа британскиот боксер ја искористи клаузулата во договорот и побара реванш.

Фјури му понуди на Џошуа поголема милионска сума за да се повлече од таа борба, но Ентони ја одби понудата.

На тој начин Џипси кинг остана без можна борба со Усик и се реши за меч против Дилиен Вајт.

По руската агресија врз Украина, Александр Усик се вклучи во одбраната на татковината, но пред неколку недели почна да се подготвува за возвратна борба против Џошуа.

Промоторот на Усик Александар Красјук потврди дека договорот е се поблиску, а мечот треба да се одржи на крајот на јуни.

„Во следните две недели ќе ги договориме деталите, а моментално го договараме местото каде ќе се одржи мечот. Двете страни се согласуваат дека тоа ќе биде крајот на јуни. Но, најважно е дека Усик им се врати на подготовките“, изјави Александар Красјук.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, би сакал повторно да биде домаќин на реванш на стадионот на Тотенхем, но открива дека добил понуди од САД и Блискиот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО