Битолчани доминираа во БЏЏ на „Скопје опен 2018“ со 19 медали (ФОТО)

На меѓународниот турнир во „Скопје опен 2018“ Нинџуцу клубот Битола и Поунд фор Поунд теам Мацедонија имаа тотална доминација во бразилско џиу џицу – не ваза. Паунд фор паунд го освои првото место, а вкупно освои 19 медали – 11 златни, 3 сребрени и 5 бронзени, односно имаше 27 победи и 11 порази.

Остварувања:

1.Паунд фор паунд теам Битола

2.ММА Центар Тирана Албанија

3.Карлос Маја Скопје

-Бели појаси отворена категорија победи Борче Талевски

-Сини појаси отворена категорија победи Филип Божиновски кој е прогласен за најдобар БЏЏ борец на турнирот во не ваза

„Следна дестинација за борби на нашиот тим е Нинберг, Германија, на Баварскиот куп за бразилска џиу џицу на 17 ноември. Најголем успех е тоа што на овој турнир најмногу победи имавме во сениорска конкуренција. Наскоро стартуваме со нашата детска група, па ќе може да се надеваме на уште повеќе настапи и во поголем број. На овој турнир настапивме со 3 деца, 1 кадет, 3 јуниори и дури 9 борци во адулт категорија над 18 години“, истакнува тренерот Сашко Мирчевски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО