Битола домаќин на Државното првенство во бокс и Собранието на БФМ

Osman Demirov zlaten gong2015-11-14 13.47.57

Во петок и сабота во Битола се одржува Државното првенство во бокс за кадети, јуниори и сениори. Првенството ќе се одржи во Спортската сала „Младост“ со почеток во 17 часот.

Се очекува поголема конкуренција бидејќи многу клубови почнаа посериозно да работат, а и дел од другите сродни спортови се ориентираат кон боксот.

Покрај тоа ќе се одржи и семинар за тренери, нешто што не се случило десетици години.

Од друга страна, најавено е и вонредно Собрание на Боксерската федерација на Македонија за да се изберат/променат члaнови на Управниот одбор. Дел од членовите на УО фигурираат само на хартија, при што не прикажале никаква активност, затоа ќе се изберат луѓе што ќе му помогнат на боксот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО