Дионтеј Вајлдер сака да го исфрли Пулев од борбата за титулата со Џошуа
Дионтеј Вајлдер ќе се обиде да го исфрли Кубрат Пулев од патот кон светската титула на Ентони Џошуа. Бугаринот е кандидат №1 на ИБФ и треба да добие шанса за борба за појасот есента 2017 година. Претходно Пулев ќе го чека победникот од средбата меѓу Британецот и Владимир Кличко во април, под услов Џошуа да не загуби оваа сабота од Ерик Молина.
Актуелниот шампион на ВБЦ, Вајлдер, кој со 31 година и има 37 победи со 36 нокаути, се опоравува од повредата. Послед пат се бореше во јули со Крис Ореола, а во 2015 година го нокаутира и Молина во 9 рунда.
„Јас сум единствениот квалитетен боксер во тешка категорија. Ако Џошуа беше Американец, немаше да биде толку напред и да е толку сакан. Ќе беше само уште еден просечен боксер, ништо повеќе. Но бидејќи е Британец, а таму тоа е спорт број 2, сите го величат. Му завидувам за тоа. Немам трпение да се сретнеме и да покажам кој всушност е најдобар. Ќе биде одлично да ги обединиме појасите. Ова ќе значи еден од нас да поседува четири појаси- ВБЦ, ВБА, ИБФ и ИБО“, вели Вајлдер.
Американецот додаде дека со задоволство би боксирал и со Тајсон Фјури кој откажа од титулите и привремено се повлече.
„Кај него се случи тоа, така што не разбра кога да го исклучи лошото лице во себе. Со нетрпение го очекувам неговото враќање. Само да е поскоро, бидејќи еден меч со него, всушност, ќе биде многу интересен“.





