Бирмејн Стиворн позитивен на допинг тест

birmejn-stivorn-so-poajs

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Бирмејн Стиворн (Канада) е позитивен на допинг тестот за време на подготовките за средбата со Александар Поветкин.

Сепак планираната средба на 17 декември ќе се одржи. Во организмот на Канаѓанецот е пронајдена супстанцата метилхексанамин. Објаснувањето на Стиворн е дека допинг се појавил по употреба на додатоци во исхраната.

Светскиот боксерски совет го казни боксерот со парична казна од 75.000 долари и 40 часа општествено корисна работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО