Били Џо Сандерс обвинет за напад со нож и пиштол

Боксерот Били Џо Сандерс е обвинет дека избодел маж за време на улична тепачка.

Според таткото на жртвата, неговиот син се степал на улица со Сандерс. Работите не биле во корист на боксерот,па извадил нож и го прободел во раката Џони Дин. Сандерс носел и огнено оружје, кое го извадил и им се заканувал на браќата на Дин.

„Били Џо извади нож и го прободе мојот син право во раката. Можеше да стане и боксерски шампион, но сега не знаеме каква ќе биде неговата иднина по оваа повреда на раката.

Потоа извади пиштол и го впери во мојот син Патрик. Тој му рече да го повлече чкрапалото, но Сандерс немаше храброст. Никогаш немаше храброст.

Сега еден од моите синови е во болница, а другите двајца се во полиција поради тебе, Сандерс, поради улична тепачка на јавно место“.

https://www.youtube.com/watch?v=44dtHz1QbFQ&feature=emb_title

Откако дознал за приказната, Били Џо Сандерс ги отфрлил обвинувањата, но одбил детално да коментира.

Били Џо Сандерс не се натпреварува откако во мај загуби за прв пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО