Били Џо Сандерс: Готов сум да се појавам на рингот против Головкин, но за поголеми пари

Bili Sanders

Британецот Били Џо Сандерс (26 г.) изјави дека е подготвен да се појави на рингот против шампионот на Светската боксерска асоцијација во средна категорија, Генади Головкин, но за поголема сума пари.

„Навистина добив предлог за овој меч, но од штабот на Головкин треба да разберат дека јас не сум како Дејвид Лемо, нема да загубам. Сметам дека сум подобар од Лемо и затоа заслужувам повеќе отколку што ми нудат. Искрено, верувам дека можам да го победам Головкин. Но, мора да ми понудат многу пари за да се согласам на овој меч. Вообичаен хонорар можам да добијам и ако се борам против некој друг противник“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО