Бетербиев 27 секунди пред крајот го нокаутира Колинг за титулата на ИБФ (ВИДЕО)

Артур Бетербиев (12-0, 12 КО) е новиот шампион на ИБФ во полутешка категорија.

Во мечот за испразнетата титула 32-годишниот Русин пред 18.800 гледачи во Фресна, Калифорнија, 27 секунди пред крајот на 12-тата рунда го нокаутира Енрик Колинг (23-2, 6 КО). Германецот се најде во нокдаун и нешто порано во последната рунда, но успеа да одговори на броењето.

Бетербиев кој живее во Канада за оваа борба спарираше со Ален Бабиќ. Во аматерска кариера се боксирал преку 300 меча, а тогаш два пати го победи поранешниот професионален светски шампион во полутешка категорија Сергеј Ковалев.

https://youtu.be/LtfCrHHTxvw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО