Бесир Алили е на чекор до големото финале на СП за младинци – во полуфиналето го совлада Сакимото

Бесир Алили е во полуфиналето на Светското првенство за младинци (У-20) во Аман, Јордан, откако славеше против Рин Сакамото од Јапонија 3-0.

За влез во финалето ќе се бори со Индиецот Кумар Мохит.

Претходно Алили извојува две победи на поени против исклучително силните противници Микола Ташохло од Украина 14-11 и Емре Четин од Турција 6-4.

Шакир Беслими и Теодор Ѓеоргиев се поразени, но, Беслими може да добие шанса во репасажот, бидејќи Магамадов се пласира во полуфиналето, па со пласман во финалето ќе му даде шанса на нашиот борач.

Резултати СП во Јордан:

61 кг
Бесир Алили – Микола Ташохло (Украина) 14-11  квалификации
Бесир Алили – Емре Четин (Турција) 6-4
Бесир Алили – Рин Сакамото (Јапонија) 3-0
Полуфинале
Бесир Алили – Кумар Мохит (Индија)

86 кг
Шакир Беслими – Рахим Магамадов (Франција) 0-10 1/8 финале

125 кг
Теодор Ѓеоргиев – Јусиф Дурсунов (Азербејџан) 0-10 1/8 финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО