Берат Јакупи: Ќе ја менувам тактиката за да освојам медал на Европското првенство!

243

berat pozia

Берат Јакупи е еден најдобрите каратисти во Македонија, кој беше број еден во Карате 1-Премиер лигата, а со малку повеќе среќа ќе се закитеше и со медал од Светското првенство во Германија. Но, сезоната е зад него и сега се фокусира на годината што доаѓа. Тој е номиниран и за најуспешен млад спортист на Македонија за 2014 година.

 Јакупи 2014 година ја оценува како прилично успешна, бидејќи го освоил првото место на Европското првенство за јуниори во Португалија. За свој личен неуспех го смета неосвојувањето на медали од ЕП и СП за сениори.

-За ЕП бев префосиран и преморен. Ми падна формата. На СП во Германија немав среќа, за да влезам во полуфиналето. Сепак, златото од ЕП за јуниори докажа дека оваа година била успешна за мене. Премир лигата и СП покажаа дека сум вброен меѓу фаворитите на големите првенства. Ова докажува дека во 2015 година ќе ми треба многу повеќе работа за да освојам медал на ЕП во Истанбул. Дај Боже и злато, вели Јакупи.

berat na lenta

Тој имаше недостатоци во тактиката на борење, пред се џудо влезовите за соборување, кои му ја трошеа енергијата.

 -Ќе ја променам тактиката, а и ќе треба да ги санирам повредите и да ја подобрам формата, констатира Берат.

За можните противници во годината што претстои Гостиварецот истакнува дека добро ги познава Гркот Цанос, Аркадија од Грузија, Тимоти Петерсен (Холандија), Нело Маестри (Италија), Илија Никулин  и другите, и дека сите тие се квалитетни каратисти, па затоа нема да биде лесно да се освои медал, затоа бара поголема ангажираност. Смета дека на рака му одат и промените на правилата во каратето.

 -Од идната година ќе се менуваат правилата. Ќе ги нема исфрлањата, а тоа ми овозможува да правам повеќе акции, бидејќи така ќе имам повеќе енергија, која инаку се губи со зафатите. Ќе ја сменам целата тактика, уверливо нагласува Јакупи.

http://youtu.be/jpSgXgZ9jOM

Подготовките ќе ги прави во Гостивар, а за Државното првенство за сениори што претстои ќе атакува на првото место, но истакнува дека има конкуренција и дека го познаваат неговиот стил на борење, така што нема да биде лесно да се стигне до шампионската титула.

 Резултати 2014:

Прво место во Карате 1-Премиер лигата

Прво место на Европското првенство за јуниори-Португалија

Прво место на Балканското првенство во Охрид-сениори

Прво место на Балканското првенство во Охрид-сениори-екипно

 ipon.mk/В.Д.