Бени Османоски го совлада УФЦ борецот Амикар Алвеш (ФОТО)

Бени Османоски (85 кг) синоќа го совлада УФЦ борецот Амикар Алвеш во К-1 во Цирих, Швајцарија, на Фајт најт Фолкенвилц.

Османоски на Бразилецот со германски пасош славеше на поени со едногласна одлука.

„Направив убава борба и победив напоени, 3-0. Многу силен борец. УФЦ фајтер. Респект за противникот кој дојде од Германија. Сега одиме на следниот чекор“, изјави Бени по мечот.

Тој жали што немало интернет за да може да се пренесува мечот во живо.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО