Јасин Лама и Лулзим Исмаили денеска дебитираат на Европското првенство во У-22

Јасин Лама и Лулзим Исмалили денеска ќе го направат дебито на Европското првенство во бокс за боксери до 22 години во Тргу Јиу во Романија, а Гоце Јанески утре.

Јасин Лама ќе се бори со Молдавецот Дорин Букса, додека Лулзим Исмаили со Филип Вачала од Полска. Утре Гоце Јанески ќе се бори со Чапел Лансеот де ла Протон од Белгија.

Тренерот на репрезентацијата Фатон Салиху вели дека нашите репрезентативци се расположени за борба и ќе дадат се од себе.

Инаку во нашиот табор се селекторот Петар Чурлиновски и тренерите Слиху и Миро Рикстевски – Мице.

На Европското првенство учествуваат 212 боксери и 82 боксерки од 37 држави.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО