Бен Садик отпадна од борбата со Рико Верховен, Глори 77 ќе го предводи турнир на тешкашите

Првиот настан на промоцијата на Глори кик бокс оваа година, што ќе се одржи на 30 јануари, претрпе измени.

Откако Џамал Бен Садик ја откажа борбата за титулата во тешка категорија против Рико Верховен поради повреда, промоцијата одлучи настанот да го предводи турнир на четворица во тешка категорија.

Така, во првото полуфинале ќе се борат Рико Верховен и Хесди Гергес, додека во второто полуфинале ќе бидат Тарик Хбабез и Леви Ригтерс.

Тарик Хбабез доаѓа од ОНЕ Шампионатот, а последната борба ја загуби во во тешка категорија против Украинецот Роман Криклија. Мароканецот дотогаш имаше шест победи во низа.

Противник на Верховен е Египќанецот Хесди Гергес со кого досега се бореа два пати.

Холанѓанецот беше подобар и во двата наврати, славејќи ја 2011 година со поделена одлука и една година подоцна со едногласна одлука на судиите.

На програмата има уште три борби за титули. Артем Вахитов ќе ја брани титулата во полутешка категорија против Алекс Переира, во велтер категорија Седрик Дамбе ќе се бори против Муртел Гроенхарт, додека Тифани ван Соест ќе ја брани титулата во супербантам категорија за жени против сестрата на Алекс Переира, Алина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО